News1.mk

Работниците порачуваат: Бараме нашите барања веднаш да бидат разгледани, Држава ви изградивме, без плата не оставивте, затоа, прифатете ги нашите барања

Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата. Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски од денешниот првомајски протест, упатувајќи ги уште еднаш барањата – линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.

Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро.

-Зголемувањето на платите да се случи ден побрзо зашто економската криза не изеде, инфлацијата е се поголема и тие пари ни се се понеопходни. Да ве предупредиме, да ја повлечете претставката за недела неработен ден зашто тоа е реланост во земјава – работникот го користи тој бенефит – одмора, напомена претседателот на ССМ во кусото обраќање пред Стопанската комора.

Протестот почна пред зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата од каде, како што соопшти Димовски, ќе бидат испратени уште вакви јасни и гласни пораки.

„Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Држава ви изградивме, без плати не оставивте“, „Луксузот ваш е од трудот наш“, „Платите да пораснат, младите да останат“, Се да застане за работникот да опстане“,  Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките што може да се забележат на протестот.

Од Владата, како што беше речено со прогласот, бараат работниците да имаат трпение. Но трпението има крај.

„Не можеме веќе да чекаме. Бараме веднаш нашите барања да бидат примени и разгледани во Владата. Држава ви изградивме, без плата не оставивте. Затоа, прифатете ги нашите барања“, беше речено на крајот од прогласот.

фото: Република