АктуелноОхрид

Нови дефекти на водоводната мрежа на „Дејан Војвода“ и Бистрица“, екипите на ЈП Водовод се на терен, се до целосно завршување со санациите

Поради два одделни дефекти настанати во раните утрински часови на улиците „Дејан Војвода“ (пукната цевка ф100 – салонит) и „Бистрица“ (пукната цевка ф150), денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Дејан Војвода“, „Бистрица“ и дел од „Туристичка“ .

Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен се до целосно завршување со санациите.

Инаку, не е за изненадување ваков проблем во Охрид. Со децении ништо не е инвестирано во обнова на водоводната мрежа. И покрај желбата на новата локална власт сега ЈП да инвестираат и обноват се, ЈП ВОДОВОД дополнително финансиски е погоден од поскапената електрична енергија , изминативе месеци имаат месечните сметки за стуја над 7 милиони. А помош од владата и покрај апелите од ЗЕЛС засега нема.