News1.mk

Велика Британија ги укина сите ограничувања за патувања поврзани со Ковид-19

Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија повеќе нема да пополнуваат формулар за нивно лоцирање како патници, дури и ако се невакцинирани, поради тоа што денеска се укинуваат сите преостанати ограничувања за патување воведени поради коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Невакцинираните патници нема да мора да прават тестови или да пополнуваат формулари пред летот за нивно лоцирање додека престојуваат во земјата, од 4:00 часот денес по локално време.

Новата регулатива за патување без рестриктивни мерки дојде речиси по две години од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Граѓаните во март 2020 беа советувани да избегнуваат непотребни меѓународни патувања.

„Можно е да се воведат низа вонредни мерки, доколку е потребно, со цел да се преземе брза и пропорционална акција за справување со новите варијанти“, соопшти британското Министерство за транспорт.

„Кажав дека мерките за патување нема да бидат во сила подолго отколку што е потребно, што го реализираме денеска – пружајќи позитивни вести и поголема слобода за патниците пред Велигденските празници“, рече секретарот за транспорт, Грант Шапс.

„Укинувањето на ограничувањата за патување се овозможи поради успехот на вакцинацијата во земјата“, истакна британскиот секретар за здравство, Саџид Џавид.

извор: Агенција Анадолија (АА).