Во село Оздолени, Дебрца поставен бугарски споменик без дозвола. Охрид 1 објави дека директорот на ЈПКД ДЕБРЦА Димче Андрески, на 15 март поднесе кривична пријава непознат сторител. Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, образложи зошто е спорно поставувањето на спомен обележјето и одржувањето на панихида.
„Во врска со пред некој ден одржаната панихида за Тома Давидов, во организација на Здружението “Цар Борис III” од Охрид и поставувањето на спомен обележје-спомен плоча ( што не е по прв пат ), во село Оздолени, а со цел да се разјаснат некои работи и да се избегне било каква политизација на настанот, а особено реакција од Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, каква што имавме пред две години, сакам, а и чуствувам потреба со пошироката јавност да го споделам следното:
👉Не е спорно било кој, вклучително и споменатото здружение да одржува вакви настани за личности за кои има посебен пиетет кон нивниот лик и дело.
👉За улогата на Тома Давидов, бугарски офицер, кој загинал во борба со турскиот аскер , кај Оздолени, во 1903 година не сакам да коментирам, бидејќи за тоа сум најмалку компетентен. За тоа треба да се изјасни македонската историографија.
👉Она што е спорно и спротивно на законот е поставувањето на спомен обележјето. Условите и постапката за подигање на споменици и спомен обележја поблиску е уредена со законот за меморијалните споменици и спомен обележјата ( Службен весник на РМ, број 66/2004, 89/2008, 152/2015, 103/2021 ).
👉Спомен-обележја, во смисла на законот се бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности од значење за Република Македонија или од народната традиција,што се од локално значење.
👉Спомен- обележје можат да подигаат општините, а правни и физички лица можат да дадат иницијатива до советот на општините за подигање спомен- обележје, како и да вложуваат средства за негово подигање.
👉Советот на општината за одбележување со спомен- обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма , за период од пет години.
👉За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен- обележје, советот на општината донесува одлука и именува Одбор за подигање на спомен- обележје.
👉Одобрение за градење на спомен- обележје издава надлежниот орган на општината, согласно прописите за просторно и урбанистичко планирање. Одобрение не смее да се издаде ако спомен- обележјето не е содржано во Програмата и не е донесена одлука од советот на општината.
👉Парична глоба ќе му се изрече за прекршок на правно лице и физичко лице ако подигне спомен-обележје што не е содржано во Програмата и е подигнато без одобрение .
👉Во конкретниов случај, за спомен обележјето-плочата не е поднесена иницијатива, не се донесени програма и одлука од советот на општината, ниту е издадено одобрение од надлежниот орган на општина Дебрца.
👉Дополнително, локацијата каде се подига спомен обележјето, кп.број 380/1 е сопственост на МПЦ-ОА, Црква “Свети Ѓорѓија”, село Оздолени. Според законот никој нема право да гради на недвижност, на која нема сопственост или пренесено право на градење.
👉Од тие причини, сосема е разбирливо што за месното население ваквото постапување се сфаќа како чин на провокација.
👉Се работи за постапување спротивно на закон, за кое општината , согласно законот ќе поднесе иницијатива за инспекциски надзор до надлежниот инспектор за култура и согласно законските надлежности ќе превземе активности за отстранување на нелегалното спомен обележје.
фото: ФБ Зоран Ногачески