АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Генератор за струја вклучен во дворот на дирекцијата на ЈП „Водовод“ Охрид

Генератор за струја (агрегат) беше вклучен денеска во дворот на дирекцијата на ЈП „Водовод“ Охрид кај „Билјанини извори“, објави ohridpress.com.mk.

До овој момент нема потврдени информации дали станува збор за комплетно исклучување на напојувањето со електрична енергија и како и дали истото ќе се одрази врз нормалното работење на претпријатието.

Инаку како што објавивме вчера  ЈП „Водовод“ Охрид добило налог да му биде исклучено напојувањето со електрична енергија на управната зграда и деловниот објект „Наплатен центар“. Барањето било поднесено од страна на приватниот снабдувач со електрична енергија, компанијата ЕДС – Енерџи Деливери Солушнс. Доспеаниот долг за наплата изнесува 23.886.568 денари од кои 1 милион денари се платени денеска и останале 22.886.568. Овој износ е за месеците од август кога почна да расте цената на струјата наваму. Локалните власти низ Македонија се соочуваат со големи проблеми предизвикани од сметките за потрошена електрична енергија, а од централната власт во Скопје велат дека тоа е проблем на општините, а не на државата.