News1.mk

Започнува второто полугодие со физичко присуство

Поради големите бројки на новодијагностицирани и барања за онлине настава, здравствените власти најавуваат скрининг, постојано следење на состојбата и почитување на протоколите во образовните установи. Но утре на Комисија за заразни болести ќе одлучуваат кој и кога ќе биде тестиран.

Владата минатата недела одлучи второто полугодие во основните и средните училишта да почне утре со физичко присуство на учениците. Во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава.

Доктор Никола Пановски во изјава за „Локално“ коментира дека најдобро е да се одложи второто полугодие, додавајќи дека ако бројот на нови случаи континуирано опаѓа, да се продолжи децата да не носат маски.

-Мојот став е да се одложи почетокот до 15 февруари,било со онлајн настава, било без настава која би се надополнила во месец јуни. Тоа беше став на сите учесници на трибината одржана од Детската Амбасада Меѓаши пред три дена. Ако до 15.02. бројот на нови случаи континуирано опаѓа, да се продолжи учебната година без задолжително носење на маски. Ова за маскиве е мој став, на трибината мнозинството беше маските да останат, смета Пановски.

извор/фото: агенции