сабота, ноември 23, 2024
News1.mkАктуелноПоследни Вести

Малишиќ за ТВ 24: Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради загубите на фирмите кои го произведуваат

Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко пекарската индустрија Агроглобал Трејд Скопје во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека овој период мелничко пекарската индустрија работи со загуба.

– Во индустриските пекарници кои произведуваат 15 000 леба, загубите се многу големи. Таа компанија нема да издржи загуби. Тоа се енормни загуби, а мелничко-пекарската индустрија работи со најмали маржи. Ја поздравуваме мерката за јавно добро, но имаме голем проблем во пекарската индустрија, да не се случи до тотален колапс на индустријата. Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради тие загуби на фирмите кои го произведуваат. Ако се задолжуваш по банки, која ќе те кредитира ако работиш со загуби. Ние не разговараме за профити. Ние во изминатите два месеца работиме на нула и во загуба. Значи ние тоа и го објаснуваме на владата. Во целата индустрија загубите се месечно од 30.000 евра па до 350.000 евра. Значи колку си поголем, поголема е загубата, колку месеци ќе издржи таа компанија со загуби, месец, два три. Ние не разговараме за ајде загуба од еден месец па ќе ја покриеме, ние разговараме за енормни загуби. Јас не можам да тврдам за другите индустрии зошто јас ја претставувам мојата индустрија, мелничко пекарската индустрија работи со најмали маржи, вели Малишиќ.

Ако набавката на суровините ако годинава се качи за 70 проценти, и кај што струјата се качи за два пати, за 200 проценти, или гасот за 200 проценти, ние мора да ги градиме тие трошоци некаде, ако не ги вградиме тогаш ние ќе пропаднеме, вели Малишиќ.

извот: ТВ 24,