АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Денеска започнува четвртата сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Проектот е од информативно-едукативен карактер, а на него работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година. Преку соодветни текстови, подоцна преточени во видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат бројни граѓани и на нашата земја.

Во рамките на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“, од утре, и во текот на целиот месец февруари, покрај материјалите кои ќе се емитуваат на близу 60 национални, регионални и локални медиуми во државата, ќе биде осветлена Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид, а во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести и нивните семејства.

Настанот од осветлувањето ќе може да го следите во живо на следниот линк:

https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti