News1.mk

Од 26 ти јануари ќе се исплаќаат пензии

Следната недела, од 26-ти јануари, ќе се исплаќаат јануарските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.

Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според висината на пензијата.

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од 26-ти јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.