АктуелноОхрид

Пожар во товарно возило на локалниот пат помеѓу Лабуништа и Боровец

На 20.01.2021 година во ОВР Струга е пријавено дека во 19.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, настанал пожар во товарно возило во движење, „Фолксваген Транспортер“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(21) од Лабуништа. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.