АктуелноОхрид

Приведен крадец од Охрид, затекнат при извршување на кривичното дело

На 20.01.2022 од полициски службеници на СВР Охрид е лишен од слобода 35 годишен Охриѓанец. Тој бил затекнат при извршување кражба од плац лоциран на ул.„7 Ноември“ во Охрид. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.