Јужниот пацифички архипелаг Тонга би можел да мине неколку дена, па дури и седмици, отсечен од остатокот од светот поради тешкотиите во поправката на едниствениот подводен комуникациски кабел, за кој локалниот оператор во вторникот објави дека напукнал по големата подводна вулканска ерупција, пренесува агенцијата Reuters.
Најмалку две лица загинале по саботната експлозија на Тонга, соопшти во вторникот новозеландската влада. Ерупцијата предизвикала атмосферски ударни бранови и цунами кои стаса дури и до Алјаска, Јапонија и Јужна Америка.
„Можеме да потврдиме дека полицијата на Тонга ја извести Високата комисија на Нов Зеланд на Тонга дека се потврдени двајца мртви, вклучително и државјанка на Велика Британија“, соопшти новозеландското министерство за надворешни работи и трговија, пренесува агенцијата DPA.
Советот за меѓународен развој (CID) загинатата британска државјанка ја идентификуваше како Анџела Гловер. Нејзиниот брат Ник Елејни изјавил дека 50-годишната жена го загубила животот додека се обидувала да ги спаси своите кучиња од цунамито, пренесува британската новинска агенција Press Agency (PA).
Нов Зеланд испраќа помош за Тонга, но вулканската пепел на пистата на аеродромот во главниот град на архипелагот Тонга го спречува слетување на авионите со хуманитарна помош. Ќе бидат потребни неколку дена воените бродови со продукти да дојдат до островот, соопштија новозеландските власти кои стравуваат од химанитарна криза.
Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи предизвика цунами и прекинување на кабелот, поради што Тонга е отсечена од надворешниот свет.
„Водата е меѓу најголемите приоритети за Тонго во овој момент“, изјави министерот за одбрана Пеени Хенаре.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните активности (OCHA) соошти дека немало гонтакт со групата острови Ха“апаи по ерупцијата во саботата. Додадаваат дека се особено загрижени за двата мали острова, Манго и Фонои, а од првиот е упатен активен сигнал за помош.
извор/фото: агенции