Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, помеѓу две возила.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил лице на возраст од (49) години од струшкото село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.