четврток, февруари 29, 2024
АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро

На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.