АктуелноОхрид

(ФОТО) Ј.П.„Охридски Комуналец” ги расчистуваа локациите во с.Трпејца, но за жал денеска истата слика

Изминативе денови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” ги расчистуваа локациите во с.Трпејца каде несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад: најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и др. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубици отпад со ангажирање на специјална механизација.
Но за жал денеска истата слика. Повторно расфрлани кревети, фотелји, пластични столици и др. Повторно интервениравме со надеж дека нема повторно да сме сведоци на овие фотографии.