АктуелноОхрид

По налог на локалната самоуправа Ј.П.„Охридски Комуналец” го подигна градежниот шут од ѕиданата ограда која е во фаза на распаѓање од приватен имот

По налог на локалната самоуправа Ј.П.„Охридски Комуналец” го подигна градежниот шут од ѕиданата ограда која е во фаза на распаѓање од приватен имот на ул.„Гоце Делчев”. Објектот претставува опасност по пешаците и возилата. Интервенирано е со специјална механизација, подигнат е шутот и овозможено е нормалното одвивање на сообраќајот.