АктуелноНаш ИзборОхрид

Советникто Бено бара К15 и за работниците од јавните претпријатија

Како советник во Советот на општина Охрид, сметам дека треба да реагирам во јавноста по информацијата дека општинската админситрација примила К 15 од 17.321 денари, во време кога општината информира дека била потоната во долгови, напиша на својот Фб профил советникот Арбен Демироски Бено. Во објавата советникот додава:

ЗОШТО К15 НЕМА ЗА ОНИЕ ШТО ЈА ЗАСЛУЖУВААТ:
-Комуналците кои секојдневно и во 3 смени го метат и го собираат ѓубрето низ градов.
– Наплатувачите на паркинг кои мрзнат на зима и се печат на лето работејќи во несоодветни улови.
– Мајсторите од Водовод и Нискоградба кои влегуваат во вода дури и во минусни температури за да санираат дефект, како и другите општи работници кои макотрпно го заработуваат својот леб за минимална плата.
Е СЕГА, КОЈ ЗАСЛУЖУВА К15?
Овие што работат во мизерни услови за минимална плата или пак администрацијата која не може да доседи 8 саати во топло и со клими, и на кои им требаат 20 години за да решат една легализација или приватизација, напиша советникот на својот ФБ профил.

Дознаваме дека советникот за оваа иницијатива барал поддршка од сите советници.