Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница.
Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом.
-Посебна благодарност упатуваме до директорот Бунчески и целиот медицински персонал на Гинеколошко-акушерското одделение, кои со професионалност, посветеност и човечка топлина, и по целоноќно дежурство, нè пречекаа со насмевка и искрено добредојде, велт од Општина Струга.
Честитки до д-р Виолета Насуфи Расиди, раководител на одделението, како и до акушерскиот тим кој учествуваше во породувањето и грижата: главната акушерка Гордана Пејоска, дипломираните акушерки Снежана Миливојевиќ и Татјана Кутаноска, како и акушерката Марјана Петреска – вашата работа значи сигурност, доверба и нови животи во нашиот град, додаваат.
strugaonline.com












