АктуелноОхрид

Покана до дечињата од с. Ваништа да бидат дел од завршната проба за Бадник и Божиќ

Во пресрет на прстојните големи христијански празници, Соборниот храм Св. никола упатува покана до сите дечиња од с. Враништа.
Покана за дечињата од с. Враништа
Во сабота, 3 јануари, со почеток во 15:00 часот, со голема радост ги покануваме сите дечиња од нашето село Враништа да дојдат во Трпезаријата при Црквата „Св. Никола“ на завршната проба за величествениот дочек на празниците Бадник и Божик.
Програмата ќе биде исполнета со радост и празничен дух:
заедничка видео-проекција и гледање на новата божикна приказна,
креативна работилница за доизработка на божикните ѕвезди,
и потсетување и вежбање на песните за двата големи празника.
Со радост ве очекуваме, се вели во отворената покана .