АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков: Маестралните музичари Драган и Ратко Даутовски вчеравечер приредија вистинско музичко уживање во рамки на правата фестивалска вечер на „Охрид џез фестивал“

Маестралните музичари Драган и Ратко Даутовски вчеравечер приредија вистинско музичко уживање во рамки на правата фестивалска вечер на „Охрид џез фестивал“.
Љубителите на музиката во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата „Света Софија“ имаа можност да уживаат во уникатни композиции од врвниот проект „Звукот на исконот“.
Во рамки на втората фестивалска вечер концертен настап ќе има македонската џез уметница Наташа Миха во придружба на Дамир Имери и Иван Бејков.
„Охрид џез фестивал“ се одржува по втор пат и е во организација на Општина Охрид, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.