АктуелноОхрид

Бобан Кочески и Ана Новеска — првенци на генерацијата од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а проф. Александра Настоска-Николоска — најомилен професор

Бобан Кочески и Ана Новеска се избрани за најдобрите ученици, првенци на генерацијата 2023/2024 година од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
На синоќешниот свечен настан во дворот на училиштето, на кој свечено беа доделени дипломите на матурантите, директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Сашо Недески, им додели и дипломи на учениците Бобан Кочески и Ана Новеска за првенци на ген. 2023/2024.

Како што беше истакнато во генерацискиот говор на матурантите, по спроведената анкета, организирана од ученици од училиштето, професорката Александра Настоска-Николоска е избрана за најомилен професор меѓу учениците.