четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Земјотрес од 3.1 степен ги вознемири Охриѓани

Земјотрес ги вознемири Охриѓани.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотресот се случил во 10:14 часот.

Почувствуван е во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени од населението во Ресен, Струга, Вевчани.