четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Пендиков се појави во судот во Охрид

Христијан Пендиков се појави во Судот во Охрид каде треба да даде исказ за првообвинетиот за кој веќе отворен е предмет и има покренато обвинение.

Тој вчера се врати во родниот крај каде на 19 јануари беше физички нападнат и се здоби со телесни повреди по што со авион на Бугарија беше пренесен на лекување во Софија. Даде исказ и пред обвинителството во Охрид во рамки на постапката за второосомничениот во случајот кој се уште е во фаза на истрага. Адвокатот на првообвинетиот посочи дека одбраната не спори оти Пендиков критичната вечер бил повреден, но дека во доказната постапка ќе успее го убеди судот дека нема докази за насилство од етничка омраза, како што го товари обвинителството. Пендиков, кој од јануари престојува во Софија, на почетокот на месецов стана и бугарски државјанин.

фото: Охрид 1