Мала драма на почетокот на судењето за нападот врз секретарот на сега веќе укинатото бугарското здржение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.
Од охридското Обвинителство беше приложен нов доказ против обвинетиот Илија Спасески . Одбраната на Спасески побара одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.
Во судницата остана првообвинетиот Илија Спасески кој рече дека сака да се брани со адвокат и побара одлагање.
– На обвинетиот Илија Спасески му се дава поука дека доколку на следното рочиште не ангажира адвокат, истото ќе се одржи, а истото ќе се одржи и ако новоангажираните бранители на ист ваков начин ја напуштат седницата.
Рочиштето се одложи за 12 јули.
Пендиков дојде во охридскиот суд, иако претходно тврдеше дека неговата безбедност е загрозена во Македонија. Пендиков сега седна до Спасевски, за кого тврди дека го натепал во Охрид. Досега, судот не можеше да го најде бидејќи беше во Бугарија и оттаму испраќаше навреди и обвинувања кон Македонија.