Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела.
Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри. Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.