АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков и советниците во посета на „КОСТАЛ“: „Meѓусебната соработка е од големо значење“

Заедно со дел од советниците од Советот на Општина Охрид, бевме во посета на компанијата „КОСТАЛ“.

-Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо не запозна со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид.

– После презентацијата извршивме обиколка низ производствените линии каде одблиску се запознавме со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.

– Заедно заклучевиме дека меѓусебната соработка е од големо значење, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.