Маскирано лице поставило експлозив пред куќата на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дуке, но во експлозијата нема повредени, објави NEWS1.al.
Експлозијата се случи откако Албанската фудбалска федерација го започна процесот на избор на нов претседател и, според Дука, низа закани што ги добивал претходните денови.
Албанската полиција веднаш блокираше делови од Драч во потрага по маскиран маж кој поставил пакет со експлозив во близина на куќата на Арманд Дуке.
Во моментот на експлозијата во куќата била само сопругата на Дука.
Мотивот за овој напад не е познат, но Дука неодамна се судрил со градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај, кој во неколку наврати ги навредувал и им се заканувал на функционерите на фудбалскиот сојуз.
„Тој е мојот ривал, а не мој непријател“, веднаш реагираше градоначалникот на Тирана, кој побара од полицијата што поскоро да ги фатат сторителите на овој напад.