АктуелноОхрид

(ФОТО) Старото градско јадро на Охрид – културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови

Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Во непосредна близина на локалитетот „Караѓулевци“ – гробница од „македонски тип“, до 70-те години на минатиот век на една парцела постоел приватен објект, а по неговото рушење, парцелата се претворила во простор за депонирање на шут. Во 2017 год., на овој простор изведени се заштитни археолошки истражувања, кои, иако изведени на сосема мал простор, донесуваат мошне интересни резултати, пишуваат во објава на ФБ од Завод и музеј Охрид.

 Дел од истражувањата се публикувани во најновото издание на „Археолошки информатор“.