Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Кипар, се наведува во соопштението на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри во Средоземното Море, а бил почувствуван во Турција, Египет и Израел.Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Во сила е предупредувањето за цунами.