На 15 ноември 2026 година, во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Кнежино, ќе се одржи промоција на книгата „Кичевско архиерејско намесништво (1914–2026)“, чиј автор е отец Ристе Наумоски.
Настанот ќе започне во 17 часот со Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на богослужбата, во манастирската сала ќе се одржи промоцијата на книгата, а промотор ќе биде д-р Никола Митровиќ.
Од Кичевското архиерејско намесништво, заедно со игуманијата на манастирот, упатуваат покана до верниците, љубителите на црковната историја и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да бидат дел од промоцијата на ова историско дело, посветено на црковното минато и духовното наследство на Кичевскиот крај.
Настанот претставува можност за запознавање со историскиот развој на Кичевското архиерејско намесништво низ периодот од 1914 до 2026 година.


















