Поради продолжување на активностите за санација на големиот дефект на водоводната мрежа во Охрид, денеска од 11:00 часот, неколку часа без водоснабдување ќе бидат повеќе населби и улици во градот.
Станува збор за дефект кој настана вчера, при што пукнала водоводна цевка со профил Ф500 милиметри.
Прекинот во водоснабдувањето ги опфаќа корисниците на улицата „Гоце Делчев“, на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружението на возачи, како и сите споредни улици во населбите Кошишта, Воска и Далјан.
Без вода ќе бидат и дел од улицата „Абас Емин“, дел од булеварот „Туристичка“, улицата „Димитар Влахов“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од „Јане Сандански“, како и долниот дел од стариот град.
Екипите на ЈП „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот, а активностите ќе продолжат до целосно завршување на санацијата.
Од претпријатието посочуваат дека станува збор за поголема интервенција на водоводната мрежа, поради што прекинот ќе трае неколку часа.


















