Република

Митева: Заради односот на СДС и Бисера Стојчевска кон Универзална таа изгоре, да кажат кој е изведувач и надзор, какви материјали се вградени, одговорност ќе има

Секој ден со СДС и ДУИ на власт губи Македонија, губи Скопје, губи народот дел од своето. Поради неодговорноста на Димитар Ковачевски и Бисера Костадиновска Стојчевска кон Универзална сала, денес таа беше опфатена со огромен пожар.

Симболот на постземјотресно Скопје 7 години е оставен на забот на времето, претворен во градежна руина.

Подолг период наназад прашуваме кога е распишана набавката за реконструкција на Универзална сала, зошто на сајтот на Бирото за јавни набавки таква набавка од страна на министерството нема. Прашавме кој е избран за изведувач и на кој начин? Кој е надзор и, исто така, како е избран надзорот, но одговори не добиваме. Но затоа, веќе, вчера дознавме дека градежните фирми во Македонија реагираат на условите кои Министерството за култура ги бара од изведувачот, а салата сепак се гради, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.

Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:

Па оттука прашуваме како Ковачевски и Бисера Костадиновска градат, а изведувач нема?

Почитувани граѓани,

Штетата која СДС ја направена по Универзална сала е непроценлива.

Ковачевски и Стојчевска по промената на власта ќе одговараат за нивниот однос кон симболот на Скопје.

Во Универзална сала подолг период власта веќе презема градежни активности, и затоа тие мора да одговорат какви материјали вградиле во изминатиов период и кој бил изведувач? Дали се вградени огноотпорни материјали или како примерот со Тетовската модуларна болница е вградувано што им се видело поевтино? Затоа што Универзална сала 50 години стои како симбол на Скопје и во моментот кога оваа криминална власт ја доведува до руина и вградува материјали со цел реновирање истата, таа гори.

Ковачевски и Стојчевска мора да одговорат на сите овие прашања, но и дали Универзална сала има осигурување?

Очекуваме одговори, но треба да знаат дека ќе има и одговорност.

А СДС да им се извинат на скопјани, зошто не само што не успеаја да ја сочуваат постојната форма на Универзална сала, туку и со нивниот однос кон неа дозволија таа да изгори.

Ова мора да се промени. Односот кон нашето заедничко мора да биде со поголема одговорност. Граѓаните имаат шанса за промени. А, тие промените се поддршка на изборите за Македонија повторно во рацете на граѓаните.