МакедонијаРепублика

Нов почеток за Маврово – Ростуше: Позитивната енергија на промените

Општина Маврово – Ростуше е на прагот на нова, подобра иднина. Вчерашната посета на министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски, и неговата средба со кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски, и со граѓаните на оваа општина, беше јасен показател дека се случуваат промени.

Средбата помина во исклучително пријатна атмосфера, исполнета со позитивна енергија и силна поддршка за кандидатот Јакупоски. Граѓаните, полни со надеж, јасно ги искажаа своите очекувања за развој и напредок во својата општина. Онер Јакупоски е вистински лидер кој ги слуша потребите на народот и е посветен на реализација на решенијата. Неговата визија за просперитетно Маврово – Ростуше е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на силна и стабилна Македонија.

Време е да се даде шанса на енергијата на промените. Време е да се поддржи визијата на посветен и способен човек кој ќе работи во интерес на сите граѓани.

Затоа, дајте му ја вашата доверба. Гласајте за Онер Јакупоски и дајте му можност на Маврово – Ростуше да го добие градоначалникот што го заслужува.