АктуелноОхрид

Пецаков: Континуирано ги подобруваме условите за настава во охридските училишта

Деновиве беше извршена комплетна реконструкција и адаптација на училница во рамки на ООУ “Христо Узунов”.
Оштетените и прокиснати ѕидови беа целосно обновени и молерисани и беше поставен нов ламинатен под. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од општинскиот буџет.
Квалитетното образование е наш приоритет и затоа во иднина ќе реализираме низа инвестиции наменети за учениците, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.