АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков на традиционална Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед

По повод рамазанскиот пост и во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, вечерва имав чест да бидам домаќин на традиционалната Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.
Светиот месец Рамазан претставува време за радост, обновување на верските вредности и носи многу драгоцени мигови со најблиските. Преку заедничката трпеза луѓето изразуваат сплотеност и шират пораки за мир и божји благослов.
Празничните моменти не учат да простуваме и да правиме добри дела. Посакувам овој рамазански месец да даде сила и верба да го подигнеме на повисоко ниво нашето мултиетничко живеење и да изградиме поубава иднина за Охрид и Македонија.
Со најискрени желби за здравје и благосостојба посакувам лесен пост на верниците, добра мисла и пријатно расположение пред големиот празник Рамазан Бајрам.
Верувам дека и во иднина ќе продолжиме вака заеднички да ги чествуваме сите големи верски празници и да оставаме спомени вредни за паметење, напиша градоначалмикот Пецаков.