АктуелноОхрид

Џудо клуб „Дрим“ Струга освои 15 медали на Државното првенство за сениори и пионери викендов во Скопје

Освоени 15 🏅 на Државното првенство за Сениори и Пионери викендов во Скопје!

Сениори: 3🥇 и 4🥉
Пионери: 1🥇3🥈 и 4🥉

Најзабележителн настап имаа сениорите: Андреј Чакаровски -100, Христијан Глогороски -90 и Анамарија Стојмиловска -48 кој го освоија златниот медал и се стекнаа со титулата Сениорски Државен Првак!🏆

Кај Пионерите Амар Бајрамоски -46 беше неприкосновен освојувајќи го златниот медал!

Честитки и до останатите наши освојувачи на медали: Елеонора Јосифоска, Јован Наумоски и Давид Трајаноски одвојувајќи го сребрениот медал и Марио Нелоски, Драгица Рафтоска, Андреј Симоноски, Катерина Клењоска, Анастасија Трајческа, Матеј Балоски, Давид Спироски и Мила Стојмиловска, освојувајќи го бронзениот медал🥉