АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

САМОВОЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА СДСМ ВО ПРОТЕСТОТ ЗА САРА ДОЖИВЕАНО КАКО САБОТАЖА – Граѓаните кои во огромен број се вклучија во организација на протест останаа разочарани и саботирани кога партиски војници самоволно има ја презедоа организацијата

ГНЕВ И РЕВОЛТ ПОРАДИ ВКЛУЧУВАЊЕТО НА СДСМ ВО ПРОТЕСТОТ ЗА САРА: Граѓанската иницијатива собра над 1.700 членови за два часа, па се отвори прашањето за политичко преземање. И сето тоа во ист дена кога благодарение на граѓаните кои бурно реагираа на интернет против работата на обвинителството и поддржани со медиумското покривање на настаните од два интернет портали од Охрид вродија со плод и се случија смени и оствки на обвинители какви во Охрид не се паметаат со децении.Спонтаната граѓанска иницијатива за протест пред Основното јавно обвинителство во Охрид, која започна по бруталното претепување на младата Сара, се соочи со сериозни несогласувања откако во организацијата, според тврдењата на дел од учесниците, почнале да се вклучуваат лица кои настапувале во име на опозициската СДСМ. Незадоволството дополнително се зголемило по официјалната најава на партиски протест, а во меѓувреме семејството на Сара побара граѓанскиот собир да се откаже. Ваквото самоволно и бескруплозно инволвирање на опозициска политичка партија во организација на граѓански непартиски протест кај луѓето предизвика сомнеж за координирано делување на власта и опозицијата во самотирање на протестот и негово компромитирање со цел гасење на оваа граѓанска иницијатива.

Принтскрин од одговорот на креаторката на групата по упадот на поединци кои бараа партијата СДСМ да го превземе граѓанскиот протест
Принтскрин од одговорот на креаторката на групата по упадот на поединци кои бараа партијата СДСМ да го превземе граѓанскиот протест

Она што вчераутро започна како спонтана граѓанска реакција на насилството врз младата Сара од Охрид, во текот на само неколку часа прерасна во иницијатива со голем број поддржувачи, но и во предмет на политички несогласувања.

Според информации од учесници во иницијативата, околу 9 часот наутро на интернет започнало организирањето на граѓански протест пред Основното јавно обвинителство во Охрид. За таа цел била формирана Вибер-група, во која, според истите информации, за само два часа се приклучиле повеќе од 1.700 граѓани.

Иницијативата била замислена како целосно независен граѓански собир, без партиски обележја, политички говори или формална организација од која било политичка партија. Главната цел била да се изрази револт поради првичното постапување на обвинителството во случајот со Сара, особено по информациите дека за осомничениот биле определени мерки на претпазливост наместо притвор.

Околу 13 часот започнале несогласувањата – се појавиле лица со партиски пораки

Според тврдењата на дел од учесниците во Вибер-групата, околу 13 часот започнале да се вклучуваат лица кои настапувале во име на СДСМ и споделувале материјали со политичка содржина.

Учесници во иницијативата до нас доставија пораки во форма на флаери со симболи и пораки што потсетуваат на протестната иконографија користена во Србија и за време на Шарената револуција во Македонија.

Партиските активисти предизвикаа револт кај граѓанските активисти и буквално го минитраа граѓанскиот протест
Партиските активисти предизвикаа револт кај граѓанските активисти и буквално го минитраа граѓанскиот протест

Посебно внимание предизвикал симболот на крвавата рака, кој се користеше и во протестните движења во Србија и крвавите настани на Мајдан во Украина.  Дел од граѓаните ваквата иконографија ја доживеале како обид протестот за Сара да добие поширока политичка содржина, различна од првичната цел на иницијативата.

Според нивните тврдења, поединци започнале да се претставуваат како организатори, повикувајќи се на претходно искуство во организирање протести, вклучително и за време на Шарената револуција.

Ова предизвикало дополнителни расправии во групата, бидејќи дел од учесниците сметале дека никој нема право да ја претставува спонтаната граѓанска иницијатива како партиски организиран настан.

Разочарување кај дел од граѓаните – дали протестот ја изгуби првичната цел?

Граѓаните имаат свои аргументи зошто не сакаат партија да им се меша во протестот кој го организираат
Граѓаните имаат свои аргументи зошто не сакаат партија да им се меша во протестот кој го организираат

Според реакциите што се појавиле меѓу учесниците, партиското вклучување предизвикало разочарување и колебање дали да се продолжи со организацијата. Дел од граѓаните сметале дека протестот треба да остане исклучиво насочен кон барањето правда за Сара и утврдувањето на евентуална одговорност за постапувањето на обвинителството.

Особено чувствително било повикувањето на искуства од Шарената револуција, и за дел од учесниците таквата симболика била неприфатлива.

Но клучното несогласување не било околу правото на политичките партии да протестираат, туку околу прашањето дали една веќе започната независна граѓанска иницијатива треба да го задржи својот непартиски карактер и да се заштити од политички влијанија и превземање на иницијативата од полчитичка партија.

Се отворија и сомнежи за улогата на двете најголеми партии

Во дел од реакциите се појавило и многу пошироко политичко прашање: дали активностите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако јавно спротивставени, можат во одредени ситуации да имаат ист ефект врз независните граѓански иницијативи?

Граѓаните се сомневаат во соработка меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на саботажа на граѓанскиот протест
Граѓаните се сомневаат во соработка меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на саботажа на граѓанскиот протест

Некои учесници изнеле сомнежи дека партиското вклучување би можело да ја ослаби мобилизацијата на граѓаните и да го пренасочи вниманието од барањето институционална одговорност кон меѓупартиски конфликт.

Се појавило дури и прашањето дали постои некаква координација меѓу власта и опозицијата за компромитирање на независните граѓански движења.

Сепак, не постојат потврдени докази дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ координирано работеле на спречување или ослабување на протестот за Сара. Таквите сомнежи се дел од политичките интерпретации што се појавиле во јавната расправа и не можат да се третираат како утврдени факти.

Прашањето што останува е како граѓанските иницијативи можат да ја зачуваат својата независност во ситуации кога истовремено постои интерес за протестирање и од политичките партии.

Семејството на Сара побара откажување на протестот

Во попладневните часови следуваше уште еден важен развој на настаните.

Семејството на претепаната Сара, во разговор за Ohrid1, побара најавениот граѓански протест пред обвинителството да не се одржи.

По речиси два дена поминати во болнички ходници и институции, семејството порача дека во овој момент најмногу им се потребни мир, безбедност и време за закрепнување на нивната ќерка.

Апелот следуваше по промената на обвинителот кој постапуваше по предметот и повторното определување притвор за осомничениот.

Семејството изрази благодарност за поддршката од граѓаните, но побара нивната лична трагедија да не биде искористена за дневнополитички пресметки.

По нивниот апел, според информациите објавени од Ohrid1, граѓанскиот протест пред обвинителството беше откажан.

Одделно најавениот протест на СДСМ пред СВР Охрид не треба да се поистоветува со откажаната граѓанска иницијатива.

Паралелно со најавениот граѓански собир пред Обвинителството – СДСМ најави свој протест пред СВР Охрид

Во меѓувреме, Форумот на жени на СДСМ официјално најави протест за 17 ноември во 18 часот, но наместо пред Обвинителството, тие протест закажаа пред зградата на СВР Охрид.

Партијата соопшти дека протестот се организира во знак на поддршка на Сара и на сите жени жртви на насилство, како и поради незадоволството од постапувањето на институциите.

Во својот повик СДСМ побара одговорност за случајот и порача дека насилството не смее да биде толерирано, независно од евентуалните семејни или политички врски.

Сепак, официјалната партиска најава отвори дополнителни прашања кај дел од граѓаните кои претходно веќе започнале сопствена организација на протест пред обвинителството.

Станува збор за две најави со различни локации: граѓански собир пред обвинителството и партиски протест пред СВР Охрид.

Токму оваа разлика дополнително ги засили сомнежите кај дел од учесниците дека нивната иницијатива би можела да биде ставена во втор план и ја доживејаа како своевидна саботажа на граѓанската иницијатива од страна на СДСМ.

Борбата за правда за Сара отвори и прашање за независноста на граѓанските иницијативи

Случувањата од вчера покажаа дека револтот поради насилството врз Сара има многу пошироки општествени последици.

За само неколку часа, според организаторите, повеќе од 1.700 граѓани се приклучиле на иницијатива што немала партиски организатор.

Тоа укажува на силна подготвеност кај дел од јавноста самостојно да реагира кога смета дека институциите не постапуваат соодветно.

Но истовремено, несогласувањата што следувале го отворија прашањето колку лесно граѓанската мобилизација може да биде засенета од политичките поделби.

Политичките партии имаат право да организираат протести и да бараат одговорност. Исто такво право имаат и граѓаните кои не сакаат нивните иницијативи да бидат поврзувани со која било партија.

Во центарот на целиот случај мора да остане Сара – нејзиното здравје, безбедноста, правото на правда и обврската на институциите да спроведат законита и непристрасна постапка.

Дали политичкото вклучување навистина придонело за откажувањето на граѓанскиот протест, или пресуден бил апелот на семејството, е прашање за кое се потребни дополнителни сведоштва од организаторите.

Она што е неспорно е дека случајот со Сара отвори две важни јавни теми: довербата во правосудните институции и правото на граѓаните независно да се организираат, без нивните иницијативи да бидат претворени во партиски натпревар.