АктуелноОхрид

Жена паднала од трети кат од Социјална зграда во Охрид – приведени две лица

Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се 32 и 21 годишни Охриѓани. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот.

извор: СВР Охрид