Ве известуваме дека од последните анализи на примероците на вода е констатирано подобрување на нивото на заматеност, но сè уште останува на сила забраната за користење на водата за пиење.
Резултатите се следни:
– Општа болница – Струга: 1.42 NTU
– Детска градинка „Сонце“: 1.45 NTU
– Завод за нефрологија: 1.49 NTU
– с. Враништа: 1.43 NTU
Ги молиме граѓаните да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво за технички потреби, сè до следното известување.
Ви благодариме за разбирањето!
Со почит,
ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга














