четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

Во недела хуманитарна продажна изложба во локалот „Дуќан“ во Струга, собраните средства се за лекување на Бојан Крстески

Хуманитарна продажна изложба ќе се одржи во недела на 10 март со почеток во 14ч во локалот „Дуќан“ на ул. Гоце Делчев 32, Струга. Настанот кој ќе би отворен за посета и за заинтересираните хумани луѓе и наредните денови има за цел преку изложбена уметничка поставка и продажба на понудените дела за потоа со собраните средства да му се помогне на Бојан Крстески да го продолжи своето лекување во Рим.

Во „Дуќан“ ќе бидат изложени дела и рачни изработки од уметници и креативци од Струга, на настанот хуманите посетители освен што ќе можат да купат некој од понудените дела ќе биде поставена и кутија за донации.

Во донацијата ќе придонесиме и ние, а праќаме отворена покана и за други локални бизниси кои сакаат да се приклучат кон хуманата иницијатива. Благодариме на уметниците кои безусловно ја прифатија нашата покана! Се гледаме во недела!