Три средношколки од Струга се најдоа меѓу 140-те најдобри кандидати во конкурсот „Средношколец Милионер“, организиран од Brainster, откако успешно поминаа низ конкуренција од околу 700 апликации.
Стефани Ниноска, Ана Ашталкоска и Сара Димовска се квалификуваа во следната фаза, а сега им е потребна поддршката од сограѓаните, пријателите, роднините и Македонците во дијаспората.
Преку јавен повик се бара поддршка за трите млади стружанки, со цел да добијат што повеќе гласови и да се приближат до освојувањето на наградата.
„Ајде Стружани, пријатели и роднини, Вие од дијаспората, да ја поддржиме и помогнеме на нашите деца. Тие се потрудија од околу 700 апликации да се квалификуваат во 140 најдобри. Сега е редот наш да гласаме!“, се наведува во повикот за поддршка.
Стружани се повикуваат да се обединат и да им дадат поддршка на младите кои со својот труд, знаење и амбиција успеале да се најдат меѓу најдобрите учесници во оваа иницијатива.
.


















