АктуелноОхрид

(ФОТО) Јавна благодарност од жителите од Рача до Пецаков и Локалната што конечно им се гради тротоар

Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Локалната самоуправа им излезе во пресрет на потребите и во тек се градежните активности.

Жителите од Рача упатуваат јавна благодарност до градоначалникот и Локалната самоуправа што им решава долгогодишен проблем.

Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП “Нискоградба”.

„Градежните работи во целост треба да бидат завршени за три недели“, вели директорот на ЈП Нискоградба Александар Трпеноски.

Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците.