АктуелноВидеаВидеоНаш ИзборНаш изборОхрид

Албанија наскоро го отвора автоатот од Елбасан до Ќафасан

ПРВО

– Албанија на почетокот на април планира да го отвори автоатот кој ќе го спојува градот Елбасан со граничниот премин Ќафасан на границата со Македонија.

ВТОРО – Автопатот почна да се гради пред две и пол години и за потребите на оваа инфраструктура во Албанија се измести од коритото една река.

ТРЕТО – Охрид и Стурга од април подобро ќе се инфраструктурно поврзани со Тирана од колку со Скопје.

ЧЕТВРТО – Да споредуваме како Албанија го изгради автопатот за нецели три години, додека кај нас автоатот од Кичево до Охрид се гради веќе 10 години нема потреба, за тоа доволно зборува народот кој вели дека автопатот од Охрид до Кичево ќе се догради кога ќе почнат масовно да се продаваат летечки автомобили.

ПЕТТО – „ Колата низ Словенија спие, низ Хрватска лежи, низ Србија потскокнува, а во Македонија добива ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ ! – рече Томислав Тунтев во еден говор од 2013 година кога беше во опозиција, По 2017 од како стана власт никогаш нема зборувано за автопатот, а тоа  задоволство го остави на пратеничката Жаклина Лазареска која патот го вети за Петровден.

https://youtu.be/3iPJgSGjUXU