Наш ИзборНаш изборОхрид

Девојки од Азија ќе служат низ охридските ресторани и кафичи

Охридската ривиера, која е една од најпосетените туристички дестинации во Македонија, се соочува со сериозен проблем: недостаток на квалификуван персонал во хотелско-угостителските објекти.

Поради оваа причина, многу угостители се приморани да бараат алтернативни решенија, а едно од нив е да вработуваат странски девојки, претежно од Филипините и од други земји од Јужна и Југоисточна Азија, кои се познати по својата атрактивност и егзотичност.

Денар разговараше со неколку сопственици на хотели и ресторани во Охрид. Сите тие потврдија дека имаат тешкотии да најдат локални работници преку летото, кои или не сакаат да работат за ниски плати, или се иселиле во други земји во потрага по подобри услови.

Затоа, тие сега помош бараат од агенциите за вработување, кои им нудат девојки од Филипините и од други азиски земји, кои се подготвени да работат за помалку пари и да се прилагодат на новата средина.

„Јас имам вработено три Филипинки и една Индонезијка, кои работат како келнерки и готвачки во мојот ресторан. Тие се многу вредни, убави и љубезни кон гостите. Не знаат многу македонски, но се снаоѓаат со англиски и со знаци. Гостите се задоволни од нивната услуга и им даваат бакшиш. Јас сум многу среќен што ги имам“, велcadena seguridad para moto škare za plastične cijevi nike daybreak uomo tapis de reception gonflable raptor comprar fatos de treino adidas baratos converse blanche et doré Purchase college team jerseys at a discounted price and of high quality basket léopard femme hängemattengestell preisvergleich adidas yeezy shoes babyphone mit alexa verbinden cadena seguridad para moto converse blanche et doré brandon aiyuk jersey youth converse lugged beige и сопственик на ресторан на една од охридските плажи.

Слично мислење има и Ана, сопственичка на мотел на брегот на езерото. Таа вели дека има вработено две Филипинки и една Виетнамка, кои работат како собарки и рецепционерки.

„Тие се многу посветени на својата работа и се трудат да ги задоволат потребите на гостите. Јас сум многу задоволна од нив“, вели Ана.

Според последните податоци, во Охрид има околу 200 странски девојки, кои работат во различни хотели и ресторани.

Тие добиваат работна виза и дозвола за престој од страна на државните органи, кои ги поддржуваат нивните ангажмани како начин за подобрување на туристичката понуда и за спречување на затворање на многу објекти поради недостаток на кадар.

 

denar.mk