Наш изборНаш ИзборОхрид

Одржани пензионерски средби 2023

На 23 септември во манастирот Св.Петка над с.Оровник во општина Дебарца во организација на ЗП од општините Охрид и Дебарца , во соработка и помош од градоначалникот на општина Дебарца Зоран Ногачески и од црковниот одбор на манастирот се одржаа Пензионерските средби 2023, а по повод одбележувањњто на 20 септември Ден на основањетои 77 години постоење од пензионерското организирање во Македонија и 73 години постоење  на ЗП Охрид и Дебарца.

На пензионерските средби учествуваа над 350 членови пензионери кои живеат на територијата на општина Дебарца а кои делуваат во рамките на ЗП Охрид и Дебарца како и членови на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца и други членови на органи и тела на ЗП Охрид и Дебарца Охрид.

На пензионерските средби беа поканети како гости Зоран Ногачески , градоначалник на општина Дебарца, Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, Станка Трајкова претседател на СЗПМ, збратимените здруженија на пензионери од град Врање, Р.Србија, од град Поградец, Р.Албанија и на Солидарност Аеродромод Скопје, Здружение на трудови инвалиди од Охрид со кого е воспоставена взаемна соработка.

Пригоден говор на средбите одржа Ѓорѓи Трпчески, претседател на ЗП Охрид и Дебарца кој зборуваше за одбележување и значењето на празникот а поздрави упатија и Васил Лошкоски и Јонка Јоноска , претседатели на есните ограноци од општината Дебарца.

По повод празникот беа доделени повеќе награди (плакети, благодарници) на правни и физички лица за досегашната успешна соработка, даден придонес и поддршка во реализација на активностите на ЗП Охрид и  Дебарца, Охрид.

КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца, настапи со сплетот од охридскиот крај „На сред село’ под раководство на уметничкиот директор Ристо Трајкоски. Празнувањето на сите присутни беше проследено со заедничко дружење и забава со реномирана музичка група.

 

 

ЗП Охрид и Дебарца , комисија за информирање