Во преубавиот амбиент на манастирот Св. Спас, Горно Лакочереј, денеска се одржа промоција на книгата од Отец Ристе Наумоски „Манастирот Св. Спас Горно Лакочереј, време, луѓе и настани“.
На настанот присуствуваа заменик амбасадорот на Руската федерација, Владимир Дјаков, ѓакон Марко Спасески,отец Ромео Петрески и отец Димитрија Павлески.
Промотор на книгата беше Доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе.
На промоцијата неизоставен дел беа децата од Православна Младина с.Враништа кои имаа свој настап на овој настан.