Последни ВестиСвет

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во фабрика во Тајван

Најмалку пет лица, вклучувајќи пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужен Тајван, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила доцна синоќа во фабрика на производител на топчиња за голф, лоцирана во областа Пингтунг.

Тамошните медиуми пренесувааат дека спасувачките акциите траеле во текот на целата ноќ, но и во текот на утринските часови.

Причината за пожарот и експлозијата сè уште е непозната и во тек е истрага за истата, соопштија локалните власти.

Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и премиерот Чен Чиен-Џен, им изразија сочувство на семејствата на загинатите.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk