Вчера на игралиштето за мал фудбал во ОУ Братство Единство – Лескајца се одржа Бајрамскиот турнир во мал фудбал .
Преполните трибини и големата спорстка еуфорија за овој несекојдневен и атрактивен настан, се показатели за одличното ниво на организација и реализација на турнирот од страна на Здружението на Египќани Пирамида Зем и ГФК Пирамида кој помина без забелешки од учесниците и посетителите.
Вчера се започна од Натпреварот за петто место , потоа следеше натпреварот за трето место каде со резултат од 3:2 екипата на ЗудманЛакер ја совлада екипата на КЛАЈДИ ШИША БАР .
Следеше финалето кое се најави со настап на КУД ПИРАМИДА и неверојатна спортска атмосфера збогатена со Музички оркестар .
Финалниот натпревар заврши со резултат 1:1
Каде по продолженија ПИРАМИДА со 3:1 ја совлада екипата на САНТОС.
Благодарници , Награди и Признанија беа доделени и за најмладите играчи на турнирот , најдобар играч кој му припадна на Мухамед Максути, најдобар стрелец- Ален Максути за 28 постигнати голови и најдобар голман на турнирот Адријан Арслан.
Турнирот финансиски беше подржан од Општина Охрид .