Утрово, оперативниот центар на ПСС доби аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа од Струга, се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб. Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција. Во меѓувреме, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер. За среќа, пред 30 мин беше беше полетан хеликотер на МВР, кој во содејство со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица се на пат до местото на настанот, а тимот на ПСС се повлекува од терен.