АктуелноОхрид

ЦЈЗ: Топлото време носи ризик од труење со храна

Од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) предупредуваат на ризикот од труење со храна во текот на летото, особено при актуелниот топлотен бран.

Високите температури и високата влажност се идеални услови за растење и размножување на патогените бактерии-причинители за труењето со храна.

– Храната која редовно ја конзумираме, поради различните услови, може да ги промени своите особини и постане опасна. Некои производи имаат поголем ризик од труење со храна, како што се јајца, месо, риба, млечни производи. Кампувања, летување, излети…понекогаш се претвораат во вистински рај за бактериите, на луѓето оставаат оставаат многу непријатни стомачни тегоби, а децата се особено чувствителни. Труењата со храна можат да предизвикаат и потешки компликации, особено кај децата, па затоа треба да се реагира уште на првите симптоми. Симптомите зависат од причинителите на болеста, а се појавуваат еден до 36 часа после внесот на затруена храна и можат да траат неколку дена, посочуваат од Центарот.

Најчести симптоми на труење со храна се мачнина, повраќање, болки во стомакот, дијареа и покачена телесна температура. Во насока на намалување на ризикот од труење со храна меѓу другото се препорачува темелно миење на овошјето и зеленчукот, храната да се чува на ладно место и да се разделува, свежо месо и риба не смее да бидат заедно со производите кои термички не се обработуваат.

Апелираат при појава на било кој симптом што укажува на труење со храна, лицата да се обратат кај матичен лекар.

Извор: ЦЈЗ